• Здружението е со цел да се развива и унапредува соработка меѓу неговите членови

  • Да дава поттик на научната и стручната работа во областа на ендокринологијата и дијабетот

  • Да се грижи за сите прашања од заеднички интерес за струката (законски прописи,подзаконски акти,школување, кадри и тн.

  • Да им помага на органите на управата со давање на стручни мислења при решавањето на прашања што се однесуваат од областа на ендокринологијата и дијабетесот

  • Да работи на унапредувањето и подобрувањето на наставата (наставни планови и програми),како и за наобразба на неговите членови на полето на ендокринологијата и дијабетесот

  • Да соработува со други струкови организации од научна и здравствена дејност

  • Да ја запознава јавноста со придобивките и постигнувањата во научната област од ендокринологијата и дијабетесот

  • Да работи на научно и стручно поле и научно усовршување на ендокринолозите и дијабетолозите и слични профили и за таа цел организира и одржува работни ,научни, стручни собири, конгреси

  • Да издава научно-стручни списанија како и периодични научни публикации

  • Да предлага усовршување на програма за студии,специјализација,субспецијализација и останати форми на научно и стручно усовршување во своите области

  • Учествува во утврдувањето и остварувањето на здравствената во склад со заедничката политика на општествен и организационен план Ја поттикнува и помага научно-истражувачката работа на полето на ендокринологијата и дијабетесот преку научно-истражувачки проекти и основни посебни награди

  • Се грижи членството да се придржува кодексот на струката.

  • За таа цел го развива чуството на чест, достоинство и одговорност кон стrуката и превзема соодветни мерки во случај на кршење на наведените начела

  • Се грижи за унапредувањето на општествената и економската положба на членовите